13.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Од Реал би можело да си заминат 13-мина фудбалери

Реконструкцијата на Реал Мадрид летово ќе биде темелна и дури за 13-мина играчи се говори дека иднината во клубот им е неизвесна. Прв на листата за „отстрел“ е Герет Бејл.

Освен Бејл, големи шанси да се раздели со Кралскиот клуб има и вториот капитен Марсело, а и еден од столбовите на одбраната, Рафаел Варан, изрази желба да го напушти Мадрид.

Голманите Кејлор Навас и Лука Зидан исто така би можело да си ја бараат среќата на друго место, иако со Зинедин Зидан на клупата, нивниот статус се подобрува. Дефанзивецот Хесус Валјехо сигурно ќе си оди, бидејќи за него ќе нема место ниту на клупата. Веројатно и Маријано Дијас ќе треба да си оди, Реал планира да донесе нов напаѓач. И за Карим Бензема се шпекулира дека би можело да оди во ПСЖ или Интер, иако Зидан бескрајно му верува. Бензема сезонава е една од ретките светли точки во тимот и мали се шансите да биде продаден.

Можеби најголеми промени ќе се случат во средниот ред. Дани Себалјос, Брахим Дијас, Иско, Федерико Валверде и Маркос Љоренте ќе чекаат расплет. Иако важат за „недопирливи“, веројатно летово ќе има шпекулации и за можни трансфери на Лука Модриќ и Тони Крос.

Навивачите се поделени. Мнозинството смета дека Бејл е еден од тие што треба да си одат, но Варан и Навас никако.

- Оглас -

Најнови вести