Од Реал ќе бараат аудиоснимка од ВАР-собата

За првпат по 17 години Барселона и Реал Мадрид одиграа без голови на Ел Класико, но мечот не можеше да помине без контроверзни ситуации. Гостите од Мадрид посочуваат две спорни ситуации во кои тие сметаат дека судијата требало да досуди пенал за Реал.

Во првата акција, Ракитиќ за дрес го влече Рафаел Варан, додека во втората ситуација Варан доби удар од Ленгле, но судиите останаа неми. Во Реал Мадрид сметаат дека се оштетени во тие две ситуации и дека ако биле прегледани ситуациите со ВАР-системот, ќе имало удари од белата точка за гостите.

Шпекулациите се дека Реал нема лесно да се откаже од неправдата, па Кралевите ќе побараат и аудиоснимки од ВАР-собата за да се слушне што точно зборувале судиите за спорните ситуации.

 

- Оглас -

Најнови вести