Модриќ од Реал може да се пресели во вториот најтрофеен клуб во Лигата на шампионите

По повеќе од една деценија, Лука Модриќ ја заврши приказната во Реал Мадрид и летово ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Легендарниот хрватски фудбалер за два месеца ќе наполни 40 години, но сака уште да остане активен, а повеќе клубови се заинтересирани да го видат во своите редови.

Новинарот Фабрицио Романо објави ексклузивна вест дека интерес за Модриќ покажал италијанскиот гигант Милан. Новиот спортски директор на Росонерите, Игли Таре, сака да го доведе Модриќ на „Сан Сиро“.

Освен Милан, неколку други клубови се интересираа за Модриќ, кој сега е слободен агент и без никакво обесштетување ќе замине во неговиот следен тим.

Реал Мадрид со 15 титули во Лигата на шампионите убедливо е најтрофејниот клуб, а втор на оваа листа на елитното натпреварување е токму Милан, кој има седум трофеи.

- Оглас -

Најнови вести