Од Реал си замина играчот кој за пет години ги освои сите трофеи, но остана незабележан

Хесус Ваљехо повеќе не е играч на Реал Мадрид, објавија од шпанскиот гигант.

„Му се заблагодаруваме на Хесус за неговиот професионализам, верност и напорна работа. На него и на неговото семејство му посакуваме се најдобро во новото поглавје од животот“, беше пораката која Реал Мадрид ја испрати за 28-годишниот фудбалер.

Ваљехо пристигна во Реал во 2015 година, но за 10 сезони како член на Кралевите одигра едвај 34 натпревари. половина од тие 10 години, Ваљехо ги помина на позајмица и играше за екипите на Сарагоса, Ајнтрахт, Вулверхемптон и Гранада.

Во петте сезони кои го носеше дресот на Реал Мадрид, Ваљехо успеа да ги освои трофеите во сите навредни натпреварувања, па може да се пофали со титула во шпанското првенство, во Купот на Шпанија, две во Лига на шампиони и две во Суперкупот на Шпанија, три европски Суперкупа, како и четири клупски Светски првенства.

- Оглас -

Најнови вести