9.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

Од ремито во Скопје незадоволни се и Шкендија и Јагелонија

Нерешените 1-1 помеѓу Шкендија и Јагелонија во Конференциската лига донесе незадоволство и кај македонскиот, но и кај полскиот претставник.

Секако тетовци имаат повеќе причини за тага бидејќи во десеттата минута од судиското продолжение примија гол кој им скрати два бода.

„Нормално дека сме разочарани бидејќи секунди нѐ делеа од трите бода. Сепак, фудбалот е таков и мора да го прифатиме овој резултат. Едноставно, немавме среќа. Во некои ситуации не бевме добро поставени. Лекција за во иднина. На претходниот меч победивме со гол во последна секунда, сега ни се врати на ист начин“, искоментира тренерот Јетон Беќири.

Во следното коло, на 27 ноември Шкендија гостува во Приштина кај Дрита.

Разочараност има и во редовите на Јагелонија кои ја очекувале првата гостинска победа, но тренерот призна дека играле слабо.

„Разочаран сум. Конечно освоивме бод на гости, но можеме повеќе. Не сум толку разочаран од резултатот бидејќи во спортот не може секогаш да победувате, туку од играта, особено од примениот гол. Немавме интензитет, бевме безопасни, бавни, благодарност до Серхио за убавиот гол кој ни дава опции во последните три кола“, рече тренерот Адријан Сјемјењец.

- Оглас -

Најнови вести