Пет натпревари од групната фаза на Лигата на Европа се дел од понудата во Квотите на денот во Sport Life. Предлозите се со квоти помеѓу 2.00 и 2.35, додека искомбинирани на еден тикет прават квота од 52.1.
Голови се очекуваат од фудбалерите на Рома на мечот против Брага, а доколку постигнат барем еден во првото полувреме, но и најмалку два на целиот меч, тогаш квотата од 2.30 ќе биде добитна.
Очекувањата се дека Галатасарај нема да загуби на гостувањето кај Малме, но и дека двете екипи ќе постигнат барем по еден гол. Доколку овие два услови бидат исполнети, тогаш квотата од 2.05 ќе биде добитна.
Понудената квота од 2.35 за мечот помеѓу П’лзењ и Манчестер јунајтед ќе биде добитна само ако гостите постигнат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Голови во двете мрежи, но и во двете полувремиња се очекуваат на мечот помеѓу Ајакс и Лацио, а доколку тоа се случи, тогаш квотата од 2.00 ќе биде добитна.
Ефикасен фудбал се очекува и на британската пресметка помеѓу Глазгов ренџерс и Тотенхем. Квотата од 2.35 ќе биде добитна ако во првото полувреме бидат постигнати еден или два гола, но и ако има најмалку три на целиот меч.