Ливерпул не донесе нови познати играчи во текот на летото, остана со истиот состав кој во минатата сезона беа најдобри во Лигата на шампионите и втори во Премиерлигата, па недостатокот од освежувања, носи и промена во амбициите и приоритетите.
Клубот не купи играчи, многумина мислат дека тоа негативно ќе се одрази и дека тимот сезонава нема ништо да освои, а она на што можете да се обложите, е дека Ливерпул нема да ги освои ФА или Карабао купот. Клубот нема доволно играчи за да игра успешно на четири фронта, плус тоа тука е и светското клупско.
Тренерот Јирген Клоп, добил прецизни инструкции од челниците од САД што треба да се прави сезонава, а тоа е во куповите, да се игра со резерви и младинци. Газдите не ги интересираат трофеите од ФА и Кабарао купот, и на мечевите од овие натпреварувања, на Клоп му е кажано да не ги заморува првотимците.
Ливерпул има вкупно 15 трофеи во овие купови, традиција е да се игра добро, плус тоа, Клоп е Германец, не сака да тактизира и да се откаже однапред, па интересно ќе биде да се види како ќе реагира на барањата и дали навистина ќе се фокусира само на ЛШ и Премиерлигата, или ќе се обиде да освои уште некој трофеј.