Јувентус ја победи Сампдорија во меч кој се покажа како вистинско дерби во денешните мечеви од Серија А. Старата дама славеше со 2:1, во еден многу чуден дуел. ВАР системот беше во главна улога. Прво беше досуден пенал за Сампдорија, потоа со помош на видео технологијата беше досуден и пенал за Јувентус, а на крајот, во 91 минута, по прегледување на снимката, беше поништен гол на гостите.
Тренерот на Сампдорија, Марко Џампаоло беше многу разочаран од фактот што голот во 91 минута беше поништен и верува дека неговиот тим е оштетен.
„Многу екипи кога играат против Јувентус, играат како предвреме да загубиле. Ми се допадна како ние одигравме и што се однесува до мене, резултатот е 2:2. Пеналот кој беше досуден за Јувентус беше подарок. Не смее во такви ситуации да се досуди пенал, бидејќи секој викенд ќе биде хаос на терените“, вели стратегот на Сампдорија, Џампаоло.