11.8 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Од Сан Марино со порака до Реал Мадрид: Вие сте на наше ниво, може да одиграме еден меч

Елиминацијата на Реал Мадрид од Купот на кралот предизвика бура од потсмев, а неочекуван „поздрав“ до Кралскиот клуб стигна од фудбалското џуџе Сан Марино! Репрезентацијата која е најслаба во светски рамки според рангирањето на ФИФА, реши преку својот официјален твитер-профил да потстира епска објава.

Реал Мадрид неочекувано со 3:2 загуби на гостувањето од второлигашот Албасете и мадридскиот гигант е елиминиран од Купот на Шпанија. Веднаш по завршувањето на тој меч, се јавија од Сан Марино со понуда да одиграат пријателски меч против Реал.

„Здраво, Реал Мадрид. Забележавме дека тим од втората лига во Шпанија ве елиминира од Купот. Повторно загубивте. Мислиме дека сме во позиција да играме против вас бидејќи нашето ниво е исто, често губиме. Кога ќе бидете подготвени да играме, ние сме подготвени. Прегратки“, се вели во предизвикот упатен од Сан Марино до Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести