Од таборот на Шкендија се изненадени што Рајо Ваљекано не организирал традиционална средба и ручек на раководствата на клубовите или состанок на претседателите.
Директорот за комуникации на тетовскиот клуб, Фатон Зулбеари, на шпанските медиуми им рекол дека ова е првпат да нема таков состанок.
„Не сакам да критикувам, но изненаден сум. Играме во Европа секое лето, а досега никогаш не се случило еден клуб да не организира заеднички ручек или барем средба меѓу двајцата претседатели. Беше изненадувачки што не испланирале такво нешто“, вели Фатон.
„Разговарав со Рајо и им испратив е-пошта. Имам два дреса за подарување. Едниот од нив му припаѓа на Иван Балиу“, додаде Зулбеари.