Од што се плашеше Шевченко? Украина и покрај стравот прекина серија од пет порази на ЕП

Андриј Шевченко стравуваше од невреме во Букурешт, што беше најавено во главниот романски град за време на дуелот со Македонија, но тоа не се случи и немаше прекин како што тоа им се случи на Укранците во второто коло на двете претходни Европски првенства.

Во 2012 година во второто коло Украина играше со Франција во Донецк поради силен дожд и загуби, а четири години подоцна во Лион им се случи истото со Северна Ирска во Лион.

И сега мечот со Македонија беше во рамки на второто коло, но денеска беше прекината серијата на Украинците со принудни прекини поради невреме.

Избраниците на Андреј Шевченко прекинаа уште една серија и тоа многу незгодна на Европските првенства. Ова им е трето учество, претходно во 2012 и 2016 година не ја минаа фазата по групи и имаа само една победа и пет порази.

Поразите беа пет по ред и денеска Украинците успеаја со триумф од 2:1 да ја прекинат низата што трае од 2012.

- Оглас -

Најнови вести