Од сиеста до фиеста, Реал Мадрид со помош на ВАР се провлече против најслабиот тим во Ла Лига

Лидерот Реал Мадрид одвај со 3-2 ја победи последнопласираната Алмерија во драматичен и скандалозен натпревар од шпанската Ла Лига.

Кралскиот клуб беше невидлив во првото полувреме во кое имаше негатива од 0-2 од тимот кој нема ниедна победа сезонава. Со неколку измени и поинаков пристап, Реал заигра многу подобро, но да не беше ВАР технологијата којзнае како ќе се завршеше овој дуел.

Судијата не виде пенал за Реал, но по интервенција на ВАР, Белингам од белата точка намали на 1-2. На Алмерија и беше поништен гол за 1-3 поради фаул над Белингам, а Реал израмни на 2-2 со гол на Винисиус кој прво беше поништен, па по гледање на снимка сепак беше признат затоа што Бразилецот шутна со рамо, не со рака.

И на Реал му беше поништен еден гол, но домашните сепак освоија три бода, откако длабоко во судиското продолжение Карвахал од близина го најде патот до мрежата.

https://twitter.com/i/status/1749118934119317741

- Оглас -

Најнови вести