Шкендија игра одлично и уште е со шанси да се бори за влез во осминафиналето во Конференциската лига на УЕФА, откако по првото полувреме на гостувањето во Турција кај Самсунспор игра 0:0. На првата средба, турскиот тим победи со 1:0, што значи дека има предност, но факт е дека теотвци вечерва на гостински терен играат многу подобро отколку пред седум дена во Скопје, па имаа и неколку шута со кои го загрозија голот на домаќините.
Шкендија во второто полувреме ќе мора да тргне на се или ништо и да се обиде да даде гол за да остане во трка за останување во европскиот куп.
Интересно е дека во исто време со дуелот во Турција почнаа уште сеудм средби во Лига на Европа и Конференциската лига и на сите има погодоци само на Самсунспор – Шкендија мрежите мируваат.
По првото полувреме во Лига на Европа: Црвена ѕвезда – Лил 0:1, Ференцварош – Лудогорец 2:0, Штутгарт – Селтик 0:1, Викторија Плзен – Панатинаикос 0:1.
По првото полувреме во Конференциската лига: Целје – Дрита 3:1, Фиорентина – Јагиелонија 0:2, Риека – Омонија 0:1, Самсунспор – Шкендија 0:0.

