Од Скопје до финале во Европа Лигата – Роки ќе им суди на Арсенал и Челси во Баку

Џанлука Роки ќе биде главен арбитер во финалето на Лигата на Европа меѓу Арсенал и Челзи што ќе се игра во Баку, на 29 мај, од 21 часот.

УЕФА одлучи да му ја додели главната улога на 45-годишниот италијански судија, кој беше главен арбитер на Суперкупот во Скопје пред две години, кога европскиот првак Реал Мадрид го победи освојувачот на Лигата на Европа, Манчестер јунајтед, со 2:1.

На Роки во Баку ќе му помагаат сонародниците Филипо Мели и Лоренцо Манганели, а и четвртиот судија Даниеле Орсато е од Италија.

Сезонава Роки судеше шест меча од Лигата на шампионите во различни фази, а сега го доби најголемото признание, по скопскиот меч меѓу гигантите Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести