Дарио Десниќ е новото име на Вардар. Офанзивниот фудбалер пристигна од редовите на Скопје, а со Црвено-црните потпиша едногодишен договор.
Крилниот играч запиша повеќе од 60 настапи за тимот на Скопје во едно и полгодишниот престој. Претходно играше за Борец, Кадино, Тетекс и Силекс.