Од славење за титула, Буенос Аирес стана град на зомби (Видео)

Вчера на прославата на светската фудбалска титула во Аргентина имаше апокалиптични сцени. По пауза од 36 години, Гаучосите се искачија на планетарниот трон, што беше причина повеќе од 4 милиони навивачи да излезат на улиците на Буенос Аирес и да прослават со своите спортски херои предводени од Лионел Меси.

Славењето за титулата во еден момент се претвори во неконтролиран хаос затоа шо многу луѓе едноставно изгубија контрола. Се кршеа автобуски постојки, семафори, се скокаше од мостови, се пукаше со пиштоли, се кршеа излози и се крадеше од продавници. Едноставно, со еден опис на социјалните мрежи, Буенос Аирес беше опишан како град кој го презеле зомбињата.

https://twitter.com/i/status/1605332296277819392

Во целата прослава, полицијата имаше неверојатно голема работа затоа што одреден дел од навивачите решија да започнат „улична војна“. Во целиот хаос, животот го загубија двајца навивачи, а едно петгодишно дете е во кома. Повеќе од 20 навивачи се потешко повредени.

Поради целиот овој хаос, фудбалерите на Аргентина кои стигнаа до светската титула мораа да бидат евакуирани од автобусот и со хеликоптери пренесени на безбедна позиција.

- Оглас -

Најнови вести