Манчестер сити поведе против Арсенал по само 40 секунди игра во дербито од 25-тото во Премиер лигата. Актуелниот англиски првак ја искористи првата посериозна шанса, откако Лапорт украде топка во опасна зона и го проигра Серхио Агуеро.
Аргентинецот го постигна деветтиот гол во 16-от негов дуел против „топчиите“, односно вкупно 12-ти погодок во првенството сезонава.
По точно 10 минути гостите израмнуваат на 1-1 преку дефанзивецот Кошчелни.
https://www.dailymotion.com/video/x71rnyv
Избраниците на Унаи Емери и во 12-тото првенствено гостување не успеваат да ја сочуваат мрежата, а ова беше вкупно 23-от гол кој го примија.