Француските репрезентативци се причината зошто Карим Бензема не се врати во Катар и не играше во полуфиналето и финалето на Светското првенство, тврди новинарот Роман Молина.
Новинарот ги посочува капитенот на Триколорите, Уго Љорис, и Антоан Гризман како лидери на бунтот против Бензема и тие побарале од селекторот Дидие Дешан да не го враќа напаѓачот на Реал Мадрид.
„Гризман и Љорис беа среќни кога Бензема се повреди. Тие беа среќни бидејќи Карим си замина од Доха, бидејќи никогаш не го прифатија неговото враќање во репрезентацијата. Тие се исплашија од него бидејќи им беше загрозен статусот на лидери на репрезентацијата“, тврди новинарот Молина.
https://twitter.com/_BeFootball/status/1604960763734786048?s=20&t=R7ZYiplTM5CFCMTbE8GuTA
Бензема беше на списокот на играчи за настап на Светкото првенство во Катар, но се повреди неколку дена пред стартот на Мундијалот. Селекторот Дешан одлучи да го врати Бензема во Франција, но не повика замена за него, туку го остави на списокот за евентуален настап во завршницата.
Во меѓувреме, Бензема успеа да закрепне од повредата, но Дешан одлучи да не го враќа во националниот тим.
Франција загуби во финалето на Светското првенство од Аргентина, и тоа по подобро изведување пенали, а Бензема истиот ден објави дека повеќе нема да игра за Франција.