13.8 C
Skopje
понеделник, 5 јануари 2026

Од судбината не се бега: познатиот српски тренер почина на неговиот роденден

Тажни вести доаѓаат од Нови Сад, по кратко боледување почина српскиот тренер Милорад Косановиќ и тоа денеска, кога наполни 75 години.

Косановиќ беше роден на 4-ти јануари 1951 година, играше фудбал, но многу поуспешен беше како тренер. 

Започна во Војводина во која беше и играч, подоцна и директор, тренираше повеќе српски екипи, беше селектор на Малта и на младата репрезентација на СР Југославија, беше и на клупата на Црвена ѕвезда, а најголеми успеси имаше во Шведска каде како играч со Малме освои три трофеи, и во Кина каде како тренер на Далијан три пати ја освојуваше титулата, па имаше и прекар „кинески цар“. 

Беше познат како човек кој не се срамеше да го каже тоа што го мисли и директно кажуваше в лице. Судбината сакаше битката со болеста да ја загуби баш на неговиот роденден.

- Оглас -

Најнови вести