Екипата на ГФК Тиквеш преку социјалните медиуми потврди дека мечот од првото коло во новото фудбалско првенство против шампионот Шкупи нема да се одигра во предвидениот термин, а тоа е претстојниот викенд.
Овој дуел ќе се игра на 7 септември на Градскиот стадион во Кавадарци, потврдуваат од ГФК Тиквеш.
Причина за одложување на мечот е настапот на Шкупи во квалификациите од Лигата на Европа. Чаирчани утревечер гостуваат кај Шемрок во Ирска.
Поради исти причини, мечот од првото коло најверојатно ќе го одложи и Шкендија, која исто така има европски обврски, и тоа во рамките од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА. Шкендија утревечер ќе гостува кај АИК во Шведска.