Од тим со деца во подем, Монако стана собиралиште за „пензионери“

Португалскиот дефанзивец Пепе наскоро ќе биде новото зимско засилување на Монако. Како што најавува италијанскиот трансфер гуру Џанлука Ди Марцио,  триесет и петгодишниот Португалец веќе постигнал договор со „кнезовите“ и во следните неколку денови ќе пристигне во клубот. Тиери Анри ќе добие уште едно искусно засилување во одбраната, откако во првиот ден од зимскиот преоден рок клубот го ангажираше бразилскиот дефанзивец Налдо од редовите на Шалке 04.

Пепе е слободен играч, откако во декември ја раскина соработката со Бешикташ поради финансиските проблеми во кои се наоѓа турскиот гигант. Изминатиов период се споменуваше враќање на Пепе во Порто, но како што најавува познатиот италијански новинар, тој ќе го облече црвено-белиот дрес на „кнезовите“.

Со дефанзивецот, во кнежевството треба да пристигне и Цеск Фабрегас, кој денес го одигра последниот меч во дресот на Челзи и се прости со навивачите и соиграчите.

Иако овие потези се помалку чудни за клуб кој негува млади фудбалери и им дава шанса рано да блеснат на големите фудбалски терени,  јасно е зошто Анри посегнува по искусни фудбалери. Монако се наоѓа во незавидна позоција по половина од сезоната во францускиот шампионат, и наместо да се борат за врвот како во изминативе неколку сезони, тие се борат за опстанок во елитата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести