Од толку многу ѕвезди во Саудиска Арабија, двајца Срби се главни во тимот кој е лидер на табелата (Видео)

Екипата на Ал Хилал со 3:1 го победи Ал Ахли во дербито на 11 коло во фудбалското првенство на Саудиска Арабија. Со оваа победа, Ал Хилал се зацврсти на врвот на табелата со 29 бодови (девет победи и две реми), додека Ал Ахли остана на 22 бодови.

Само 45 секунди беа доволни за ерупција на трибините кога Сергеј Миленковиќ-Савиќ погоди за водство на Ал Хилал и тој гол може да го видите ТУКА. Во 26 минута можеше да биде 2:0, но вториот Србин во дресот на Ал Хилал, Александар Митровиќ промаши пенал. Митровиќ брзо се корегираше и даде гол во 37 минута за 2:0.

На почетокот на вториот дел, Сент-Максимин даде гол на гостите и намали на 1:2, но сите дилеми околу победникот беа решени кога Ибањез си даде автогол и Ал Хилал поведе со 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести