1007 Лутон – Астон вила (18:30 ч.)
Главна мисија на Лутон е да се обиде да се спаси да не испадне, но факт е дека тоа ќе биде многу тешко. Астон вила сезонава игра одлично и не случајно е на четвртото место на табелата.
Двата тима играат многу отворено и во просек на нивните мечеви има повеќе од 3,5 погодоци. Во есенскиот дел, Астон вила дома победи со 3:1, што е само уште еден доказ дека треба да има погодоци.
Предлог тип: ГГ4+ (2.35)
1703 Клермон – Олимпик Марсеј (21 ч.)
Последнопласираниот тим е домаќин на Олимпик кој игра послабо од очекувањата. Кога игра надвор од Марсеј, Олимпик сезонава освои само седум бода во 11 средби, што го прави најслаб гостински тим во лигата.
На четири од последните пет меѓусебни дуели на овие екипи, немало повеќе од два гола, а интересно е дека ниеднаш не било нерешено (четири победи на Олимпик и една на Клермон).
Предлог тип: 2&0-3 (2.75)
3005 Монца – Рома (18 ч.)
Дуел на две екипи кои се во добра форма. Монца нема пораз на последните пет меча (три победи и две реми) и во овој период четири пати ја сочува својата мрежа незатресена.
Рома кога игра на гости, најчесто игра претпазливо и нема многу погодоци, па реално и вечерва не треба да има многу возбудувања.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.40)
1807 Волфсбург – Штутгарт (18:30 ч.)
Во 2024 година Волфсбург се испраксира за нерешени дуели и одигра шест пати реми во седум дуели (четири пати 1:1 и два пати 2:2). Штутгарт е тим со најмалку нерешени (само две реми сезонава), но затоа игра одлично сезонава и е фаворит на овој меч.
Ќе биде интересно да се види дали Волфсбург може да продолжи со нерешените дуели.
Предлог тип: Х2&2-4 (2.06)
1305 Валенсија – Реал Мадрид (21 ч.)
Гостувањата на Реал Мадрид кај Валенсија секогаш носат неизвесност, драматичност и затоа се посебно интересни за прогнозирање. Кралскиот клуб ако успее тука да освои три бода ќе биде многу блиску до титулата во Шпанија.
Одбраната е главно оружје на Валенсија, која сезонава на домашен терен во 12 меча даде само 15 гола, а прими најмалку од сите екипи (шест).
Предлог тип: Х2&0-2 (2.09)