Петочните Квоти на денот се како загревање за викендот кој следи и имаат одличен вкупен коефициент од 53.98 доколку се одиграат сите пет предлози на еден тикет заедно.
Виљареал гостува кај Кадис и Жолтата подморница треба да остане непоразена во меч на кој ќе има од два до четири гола за да биде добитен коефициентот од 2.10.
Борусија Дортмунд не би требало да има никакви проблеми против новакот во Бундеслигата, тимот на Хајденхајм. Милионерите уште во првото полувреме треба да поведат и на крајот да се радуваат во средба на која ќе има барем два погодока. Квотата за оваа комбинација е 1.95.
Рома и Милан го играат првото дерби во новата сезона во Серија А. Во една ваква рана фаза од првенството, можни се сите комбинации, па затоа најдобро е да се игра на голови, и тоа популарната игра да има од еден до три погодоци во првото и еден до три погодоци во второто полувреме, што носи квота од 2.35.
Олимпик Марсеј ќе игра на гости кај Нант и не треба да загуби во натпревар на кој двете екипи ќе постигнат барем по еден погодок. Во таква ситуација, добитна ќе биде квотата од 2.20.
Во Премиер лигата, новакот Лутон е домаќин на Вест хем. Лондонскиот тим е во одлична форма и се очекува да победи на ова гостување, а освен „двојката“, се очекува и да има погодок во првото полувреме за да биде добитен коефициентот од 2.55.