Од трансфери на по еден играч: Ц. ѕвезда ќе добие три милиони евра, Чукарички чека 3,2 милиони, а Младост Л. инкасираше два милиони евра

Српските клубови веќе со години имаат традиција добро да заработуваат од продажбата на некои од фудбалерите коишто ги имаат во своите редови. Само за денеска се најавуваат три големи трансфери од кои милиони евра треба да се слеат во клупските каси на три различни клубови.

Црвена ѕвезда и официјално го продаде Иракли Азаров, фудбалер кој е продаден во Шахтар Донецк. Овој играч на „Маракана“ пристигна само за 200.000 евра, а сега Црвено-белите ќе заработат три милиони евра од неговата продажба. Во дресот на српскиот гигант одигра само 33 меча, а вредноста му се зголеми дури за 13 пати.

Чукарички нема фудбалер за продажба од неговите редови, но чека пари од реализација на трансферот на Ѓорѓе Петровиќ во Челзи. Овој српски голман од Чукарички замина во МЛС во САД, каде што брани за тимот на Њу Ингланд Револушн, а овој трансфер вредеше 900.000 евра. Сепак, во договорот стои дека од следниот трансфер на Петровиќ, на сметка на Чукарички треба да „легнат“ 20 отсто од трансфер сумата. Се споменува дека Челзи ќе плати 16 милиони евра за доведување на српскиот голман, што значи дека Чукарички ќе добие 3,2 милиони евра.

Репрезентативецот на младата селекција на Србија, Никола Јојиќ, е нов член на англискиот Стоук потпишувајќи четиригодишен договор. Јокиќ во Стоук доаѓа од редовите на Младост од Лучани, клуб кој може да заработи до два милиони евра од реализација на овој трансфер.

- Оглас -

Најнови вести