Во Вардар сметаат дека голот на Шкендија за водство од 1-0 е спорен, и дека според снимките, не може да се утврди дали топката со целост ја минала гол-линијата.
„Голот кој Шкендија го постигна на крајот од првиот дел, односно кој беше признаен на стадионот „Борис Трајковски“ е сомнителен. Од фотографијата се гледа дека нема кој да донесе одлука дали е гол или не, со оглед дека на фотографијата се гледа дека дополнителниот асистент гледа на другата страна, а пак, помошникот го нема на неговото место.
Од каде одлуката на судиите дека топката ја минала гол линијата? Од оваа фотографија и не може да се види најубаво. Во секој случај голот е во најмала рака спорен“ – стои во соопштението на најтрофејниот македонски клуб.