Од вечерва Жирона е единствен тим во шпанската Ла Лига без црвен картон сезонава

Реал Сосиедад и Алавес одиграа супер интересен меч од шпанската лига, кој заврши со 1-1. Домашните се спасија од пораз во 96-тата минута. Голот на Мартин Зубименди во 95,59 минута е најдоцна постигнат гол во шпанската лига во 21 век да не е по некој прекин, туку од акција.

Сосиедад долго време беше со човек помалку на теренот бидејќи голманот Ремиро доби црвен картон за играње со рака надвор од 16-никот, кога спречи чиста шанса за гол на гостите.

По исклучувањето на Ремиро, сега единствен тим во шпанското првенство кој сезонава не добил црвен картон е Жирона.

- Оглас -

Најнови вести