15.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

Од Вилјареал не сакаа да зборат за судењето на мечот против Реал, но…

Реал Мадрид со 3:1 победи против Вилјареал во меч на кој сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме. Како и после секој меч на Реал Мадрид или Барселона, судењето е тема број еден.

Во центарот на вниманието е Винисиус јуниор кој најпрво изнуди пенал по кој Реал зголеми на 2:0, а потоа при активен резултат за гостите (2:1), Винисиус иницираше и втор жолт картон, односно исклучување на еден гостински фудбалер.

По мечот, тренерот на Вилјареал не сакаше многу да го коментира судењето, но сепак, изјави дека нешто „чудно“ се случило во второто полувреме.

„Дури и 200 пати да ми го поставите прашањето за судењето, нема да кажам ништо. Но, ако толку многу пати го поставувате истото прашање, тогаш веројатно нешто се случило, така? Игравме добро, бевме опасни, Реал не беше толку опасен, се додека нешто не се промени и ние не можевме ништо да направиме околу тоа“, дипломатски одговори тренеро на Вилјареал, Марселоно Торал.

Дефанзивецот на Вилјареал, Хуан Фојт кој не играше на овој меч поради повреда, одговори со само една реченица.

„Ако го кажам тоа што го мислам за судењето, веднаш ќе ме суспендираат“, рече Фојт.

 

- Оглас -

Најнови вести