Оливие Жиру синоќа со гол од пенал ѝ донесе победа на Франција од 1-0 во пријателскиот меч со Уругвај и оствари едно достигнување кое го нема направено ниту еден друг француски фудбалер по Втората светска војна.
Тој има дадено 12 гола во дресот на репрезентацијата по 30-тиот роденден. Вакво нешто не им успеа ниту на Зинедин Зидан, Мишел Платини, Жист Фонтен, Тјери Анри и останатите легенди.
Очигледно Жиру е како виното, колку постар, толку подобар, зрелоста му помага да бележи подобри резултати отколку кога беше помлад. Напаѓачот на Челзи има 32 години и во последните две години постигна 12 гола за „галските петли“. Вкупно, на 87 меча за Франција дал 33 гола, еден помалку од Давид Трезеге, кој е на третото место на вечната листа, зад лидерот Анри и вториот Платини.