Од Зидан зависи – Вечер може да падне кралскиот рекорд што го имаа Касилјас, Раул и Камачо

Бразилецот Винисиус жуниор е подготвен да го урне клупскиот рекорд на Реал Мадрид и да стане најмладиот играч што одиграл 100 натпревари за легендарниот клуб.

Сè зависи од Зинедин Зидан, но со оглед на проблемите што ги има со повредени и отустни играчи, голема е шансата на Винисиус да го одигра 100-тиот натпревар за Реал Мадрид вечерва на домашен терен против Реал Сосиедад и со 20 години и 7 месеци да се запише во клупската книга со рекорди како најмлад играч со стотка.

Претходно рекордот во одредени периоди го држеа славниот бек Камачо и легендите Раул Гонзалес и Икер Касилјас, а сега ред дојде и на Винисиус.

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад е последен од 25-тото коло во Ла Лига и ќе се игра од 21 часот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести