Од Ѕвезда објаснија зошто Динамо е подобар во ЛШ: Не е исто да се игра против Баерн и против Аталанта

Динамо Загреб е клубот трагичар во четвртото коло од Лигата на шампиони, откако хрватскиот првак пропушти водство од 3:1 против Шахтар. Модрите примија два гола во судиското надополнување и на тој начин пропуштија голема шанса да се најдат на чекор од пласман во нокаут фазата од елитното натпреварување на УЕФА.  И по ремито со Шахтар, Динамо има можност да се избори за место во осминафиналето, но ќе мора да ја ја победи Аталанта на гости или да бара бодови против Манчестер сити во Загреб.

Токму фактот дека Динамо во својата група ја има Аталанта е причина за провокација од Белград, каде исто така има дуели од Лигата на шампиони благодарение на Црвена ѕвезда. Сепак, Ѕвезда има само теоретски шанси за влез во следната фаза, а претседателот на Црвено-белите, Митар Мркела даде објаснување која е разликата меѓу Динамо и српскиот првак.

„И минатата година ни се случи истото. Во нашата група се клубови кои семеѓу 7-8 најсилни во светот. Не е исто да се игра против тим кој го освоил четвртото место во Италија и клуб кој е шампион на Германија или актуелен европски вицепрвак. Навистина не е исто, има голема разлика. Динамо Загреб го прогласуваат како синоним за успех во ЛШ, а имаа 11 порази по ред и во последните неколку години освоија само осум бода во групната фаза“, објаснува Мркела.

Црвена ѕвезда по четири кола, моментно е на третото место во групата со три бода, зад лидерот Баерн Минхен со 12 и Тотенхем со 7 бодови, а пред Олимпијакос кој има освоено еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести