1009 Тотенхем – Манчестер сити (17.30 часот)
Ако се погледне табелата и формата на тимовите, тука нема дилеми дека гостите се фаворити на хартија. Тотенхем има црна серија од пет кола по ред без победа во Премиер лигата, а на својот стадион скоро два месеци немаат лигашка победа. Последните седум меѓусебни премиерлигашки дуели на овие тимови во Лондон беа со 0-2 гола и секогаш барем едниот тим не успеваше да постигне гол. Во 2010 година беше последното реми кога играле во Лондон. Во август на „Етихад“ на стартот на сезонава, Тотенхем славеше со 2-0.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.16)
3007 Кремонезе – Интер (18.00 часот)
Интер што и да направи вечерва во Кремона, останува прв на табелата, додека Кремонезе бара прекин на серијата од осум кола без победа, и конечно да даде гол откако не успеа да го направи тоа во претходните три кола. Тимот од Милано е најефикасен во Серија А со 50 гола на 22 меча, а има и три победи по ред, кикс би било за нив ако не ги освојат трите бода и вечерва. Кај Интер ќе ги нема Барела, Чалханоглу и Думфрис што е хендикеп, но сепак Интер е Интер. Традицијата вели дека Интер редовно го победува Кремонезе, но и поразениот тим секогаш дава гол.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.02)
1709 Стразбур – ПСЖ (20.45 часот)
ПСЖ е во налет, има пет победи по ред во првенството, а ако победи и вечерва, оди на прво место, што секако е мотив за Светците. Стразбур е во добра форма, победуваше во последните две кола, а последниот пораз им беше на 6-ти декември. Кај ПСЖ ќе го нема Кварацхелија, а интересно е дека есеноска во Париз, меѓусебниот дуел на овие две екипи заврши 3-3. Од 2005 наваму, секогаш кога овие тимови се среќаваат во Стразбур, двајцата голмани ја вадат топката од мрежа.
Предлог тип: 2 & ГГ (3.05)
3008 Парма – Јувентус (20.45 часот)
Парма е претпоследна според ефикасноста во Серија А, дали скромни 14 гола на 22 меча што е просек многу под еден гол на натпревар. Од друга страна, поефикасни од Јувентус се само Интер и Комо. Јуве има три победи на последните четири меча, додека Парма не победила од 11-ти јануари наваму. Од последните шест меча во сите натпреварувања, Старата дама на пет нема примено гол. Пред 13 години беше последното реми во меѓусебните дуели на овие екипи на „Енио Тардини“, почесто победувал Јуве, но минатата сезона се радуваа домашните.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.20)
1309 Атлетик Б. – Р. Сосиедад (21.00 часот)
Ова баскиско дерби доаѓа во момент кога Атлетик е во голема криза, а Сосиедад бележи добри резултати. Билбао освои само еден бод во последните пет кола, се наоѓа на само три бода над зоната на испаѓање, победата им е многу потребна. Реал Сосиедад се бори за излез во Европа и има три победи по ред, од кои едната над Барса. Сите три победи им беа на мечеви на кои и примаа гол. На 1-ви ноември во Сан Себастијан, беше 3-2 за Сосиедад, но на „Сан Мамес“, Сосиедад не победил од 2020.
Предлог тип: 1Х & ГГ (2.45)

