Седум мечеви се играат ноќеска во НБА-лигата, а интересно е дека на ниту еден дуел нема изразит фаворит. Според квотите во Sport Life, најлесна задача за да стигнат до триумф ќе има Далас на свој терен против Вашингтон, а квотата за „кец“ е 1.42. Далас влезе во еден кризен период и загуби на седум од последните 10 натпревари, но сега тимот предводен од Лука Дончиќ треба да се радува.
И Феникс санс дома треба да слави против Шарлот, а Сонцата не се толку добри колку што гостите се слаби. Шарлот го има третиот најслаб биланс во лигата само со 13 победи во 48 меча.
На останатите пет средби, квотата за победа на која било од екипите е над 1.60, што значи дека се очекуваат неизвесни дуели, што е дополнителен мотив за НБА-фановите да ги одберат вистинските типови.
Во понудата за постигнати поени на кошаркарите има над 30 играчи кои ноќеска треба да бидат на терен. Лука Дончиќ треба да даде барем 35 поени за да биде во „плус“ на понудата, Дерозен е на граница од 27,5 поени кај Чикаго, а Адебајо од Мајами е на граница од 21,5 поени.
Во дербито на Лос Анџелес главен поентер кај Лејкерс треба да биде Леброн Џејмс со граница од 32,5 поени, а на спротивната страна кај Клиперс, Кавај Ленард е со „плус-минус“ од 26,5 поени.