Викенд колото на Спортска прогноза нуди вкупно 13 меча од најсилните пет лиги во Европа, а тоа што по првите 24 часа е впечатливо е дека речиси и да нема некој изразит фаворит.
Од сите средби, прогнозерите најмногу веруваат на Сасуоло, кој на свој терен игра против Емполи. Дури 80 отсто очекуваат да биде „кец“. На сите останати 12 средби кои се дел од понудата нема тим кој добил повеќе од 60 отсто шанси да победи, што е најава за неизвесно и интересно коло.
Од сите средби, најатрактивно ќе биде финалето од Лига купот на Англија меѓу Челзи и Ливерпул. Стандардно овој меч се игра на „Вембли“, а прогнозерите многу повеќе веруваат дека Ливерпул може да стигне до трофејот.
За секој прогнозер најголем предизвик е да се обиде да стигне до Среќна 13-ка, односно да ги погоди фиксовите на сите 13 средби. Доколку некој успее во тоа, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).
Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари, додека оној со 11 погодоци ќе си добие ваучер од 500 денари.