Шест меча се играат ноќеска во НБА-лигата, а интересно е дека на ниту еден нема изразит фаворит. Еден од дерби-дуелите ќе биде во Денвер, каде што Нагетс е домаќин на Хјустон. Денвер има четири победи по ред, а и кога се работи за пресметките со Хјустон, имаат три победи по ред над Ракетите.
Мајами дома игра против Торонто во дуел на две екипи коишто имаат четири порази по ред.
Во дербито на Истокот, Детроит гостува кај Бостон. Детроит е најдобар тим со 20 победи во 25 меча, додека Бостон е трет на табелата. Бостон има 13 победи во последните 15 меча против Детроит и сега на свој терен ќе се обиде оваа низа да ја продолжи.

Дури 59-мина кошаркари се дел од понудата за „плус-минус“ поени.


