Одберете ги вашите 13 фаворити и чекајте „ајфон 11“

Типувањето за 33-тото коло на Спортска прогноза трае до стартот на бундеслигашкиот дуел Волфсбург – Борусија Дортмунд, кој е закажан за 15.30 часот. Тој е еден од 13-те парови во основната понуда, а ако ги погодите сите, ви следува „ајфон 11“.

Имате време само уште неколку часа да го фатите последниот воз и да се вклучите во трката за главниот подарок „ајфон 11“, а тука се и ваучерите од Sport Life за оние што ќе погодат 12 (1.000 денари) или 11 парови (500 денари).

За денес има четири пара во кои според процентите, фаворити се Борусија Дортмунд, Валјадолид, Баер Леверкузен и Челзи. Вистински предизвик е да бидете во групата кои ќе погодат како ќе заврши мечот Лацио – Милан кој се игра утре, а Манчестер сити е голем фаворит на прогнозерите за победа над Тотенхем во утрешното финале на Лига купот на Англија.

Како што е веќе познато, за учество на Спортска прогноза потребно е да имате само СЛ клуб картичка од Sport Life, како и минимално познавање на меѓународниот фудбал.

Сите погодени парови (се сметаат и двата резервни) ќе се пресметаат во Генералниот пласман каде што по крајот на сезоната за најдобриот прогнозер се доделува Смарт ТВ 48 инчи, а има убави награди и за четворицата кои ќе се најдат од второ до петто место на крајот.

 

- Оглас -

Најнови вести