Одби да игра на ол-стар мечот затоа што неговиот соиграч не доби покана

Џими Батлер реши да го одбие повикот за настап на НБА ол-стар мечот кој ќе се игра на 7 март во Атланта. Ѕвездата на Мајами требаше да биде замена за повредениот Кевин Дурант, но сепак нема да биде дел од најдобрите кошаркари.

Батлер решил да не игра поради една неверојатна причина. Бил револтиран за тоа како неговиот соиграч Бам Адебајо не добил покана за настап на овој атрактивен меч. Адебајо игра одлично сезонава, но тоа не беше доволно да биде на Ол-старот. Без Адебајо и Батлер реши да не биде дел од спектаклот во Атланта.

На местото на повредениот Дурант сега ќе игра Домантас Сабонис.

 

- Оглас -

Најнови вести