11.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Одбиена понудата на шеикот од Катар, на газдите на Јунајтед малку им се пет милијарди фунти

Сопствениците на Манчестер јунајтед, американското семејство Глејзер, ја одби третата и последната понуда на катарскиот шеик Јасим бин Хамад ал Тани, вредна пет милијарди фунти, бидејќи сакаат милијарда повеќе, пишуваат англиските медиуми.

Медиумите пишуваат и дека катарскиот шеик понудил да ги купи сите 100 отсто акции и згора на тоа ветил инвестирање на големи средства во реновирање на стадионот и за засилувања на екипата.

Вчеравечер понуда достави и вториот заинтересиран за купување на Манчестер јунајтед, сер Џим Ретклиф, но неговата понуда била да купи 50 отсто од акциите и можност браќата Џоел и Аврам Глејзер да ги задржат своите 20 отсто од акциите. Но, и оваа понуда била одбиена.

Англиските медиуми пишуваат дека семејството Глејзер ќе го продаде Јунајтед за рекордни шест милијарди фунти, но Џоел и Аврам сакаат да ги задржат своите акции во клубот, додека останатите браќа Кевин, Брајан и Едвард,и сестрата Дарси, се подготвени да ги продадат своите акции.

- Оглас -

Најнови вести