Одбиена жалбата на Роналдињо, останува во домашен притвор во Парагвај

Фудбалската легенда Роналдињо ќе остане во домашен притвор во хотел во Асунсион, Парагвај, откако Апелацискиот суд ја отфрли жалбата со која Бразилецот и брат му побараа ослободување. Роналдињо и Роберто Асис се обвинети за поседување и користење фалсификувани лични документи.

Бившата ѕвезда на ПСЖ, Барселона и Милан и двократен најдобар светски фудбалер на годината мина повеќе од еден месец во затвор во Асунсион, а во април беше преместен во домашен притвор, во хотел со четири ѕвездички во главниот град на Парагвај, и таму го чека судењето.

Адвокатите на Роналдињо бараа судење по скратена процедура и да му се дозволи да го напушти Парагвај за да се врати дома во Бразил, но барањето е отфрлено. Роналдињо и брат му може да останат во куќен притвор максимум шест месеци.

- Оглас -

Најнови вести