20.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Одбиени две понуди за Вилијан

Челзи одби две понуди за Вилијан во вредност од 35 милиони фунти. Двете доаѓаат од Шпанија, а за Бразилецот се интересираат Барселона и Атлетико Мадрид. Каталонците и во минатото се обидуваа да го присвојат крилниот играч на Сините, но нивните понуди кои стигнаа до 80 милиони евра беа одбиени без размислување.

Јорганџиите, пак, имаат намера да го засилат тимот со искусен играч, а Вилијан со своите квалитети може многу да придонесе за Чоло Симеоне. Сепак, од таборот на Челзи се решени да го задржат клучниот играч во својот состав бидејќи останаа без Еден Азар, а Вилијан е незаменлив на десната крилна позиција.

На фудбалерот му преостанува една година од договорот со лондонскиот клуб, а раководството има намера да му го продолжи  уште на две години и со тоа да се заштитат од „нападите“ на Барса и Атлетико.

 

- Оглас -

Најнови вести