Дуелот од италијанското кошаркарко првество меѓу Виртус Рома и Бреша почна така што домашните кошаркари на стартот одбија да играат во знак на протест дека уште ја немаат добиено првата плата сезонава.
Оставија да истече првиот напад на средбата по што ја предадоа топката на противничкиот тим, поради што се незадоволни од раководството.
Сепак, Рома на крајот славеше со 70:64, па сега членовите на овој клуб се надеваат дека управата ја разбра испратената порака и дека по оваа победа ќе им бидат подмирени долговите.