Чави Ернандес изјави дека понудата веднаш да стане тренер на Барселона ја одбил затоа што сметал дека уште му е рано за тоа, но некои добри познавачи на приликите во клубот имаат друга верзија, дека Чави не ја одбил Барса, туку актуелниот претседател Хосеп Марија Бартомеу.
Чави е близок со Виктор Фонт, кој во 2021 година ќе се кандидира за прв човек на каталонскиот клуб, и ако Фонт победи на тие избори, екс плејмејкерот на Барса тогаш речиси сигурно ќе биде наименуван за тренер. Бартомеу го знае тоа, и затоа на Кике Сетиен му даде договор до 2022 година, за ако го избркаат во 2021 после изборите, да добие паричен надомест од Фонт.
Фонт пред неколку дена на Твитер напиша дека Чави еден ден сигурно ќе биде тренер на Барселона и дека актуелното раководство имало погрешен пристап кон легендата. Чави сега работи во Катар, собира искуство како тренер. Ако Фонт стане претседател, во клубот ќе се врати и Карлес Пујол.