Македонската одбојкарска репрезентација вечерва (20 ч.) гостува во Задар на дуел против Хрватска, во рамките од четвртото коло од Златната европска лига. Македонија досега има две победи и два пораза, па со пет бода е на третото место во групата зад перфектната Украина и Белгија, која е втора со шест бода. Хрватска е последна без ниту еден бод.
Според квотите во Sport Life, Македонија е фаворит за победа во Задар, но сигурно дека домаќините нема лесно да се предадат. Македонија против Хрватска има одиграно пет меча досега и интересно е дека на сите пет, домаќините победувале (нашата селекција има три победи, а Коцкестите се радувале два пати).
Последните три меѓусебни дуели завршуваат во пет сета, што значи дека има голема борба. Токму овој податок е најава дека треба да има повеќе од 183,5 поени.
Освен машката репрезентација на Македонија, денеска на мегдан ќе бидат и девојките кои гостуваат во Летонија. Нашите репрезентативки по четири кола не само што немаат ниту една победа, туку немаат освоено ниту еден сет.
Летонија единствената победа ја има токму во Скопје против нашата селекција.