Одбојкарите ги дознаа противниците за Европското првенство 2019

Македонската одбојкарска репрезентација ги доби противниците во групната фаза од 31-вото издание на Европското првенство, кое ќе се одржи во септември годинава (13-29 септември). Македонија во групата Ц во Љубљана ќе се соочи со домаќинот Словенија, актуелниот европски владетел Русија, Финска, Турција и селекцијата на Белорусија.

Европското првенство во одбојка годинава ќе се одржи во четири земји-домаќини,  во Белгија, Франција, Словенија и Холандија. За првпат на контитенталниот собир ќе учествуваат 24 претставници, меѓу кои две репрезентации дебитираат, Македонија и Црна Гора.

Противниците беа подредени во четири групи по шест селекции, во кои по еден од сите домаќини ја имаат улогата на носители. Франција е во групата А, Белгија во група Б, Словенија во Ц, додека Холандија е носител во групата Д.

група А: Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција, Романија

група Б: Белгија, Србија, Германија, Словачка, Шпанија, Австрија

група Ц: Словенија, Русија, Финска, Турција, MAKEДОНИЈА, Белорусија

група Д: Холандија, Полска, Република Чешка, Естонија, Украина, Црна Гора

 

- Оглас -

Најнови вести