28.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Одбојкарите имаат само една опција: Победа од 3:0 ги носи на Европско првенство!

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го игра одлучувачкиот меч за пласман на Европското првенство 2026.

Избраниците на Јошко Миленкоски имаат само една опција – победа од 3:0 над Грузија, што ќе значи и продолжување на континуитетот настапи на Европските првенство.

На континенталниот собир ќе се пласираат победниците од седумте квалификациски групи, но и петте најдобри второпласирани, а нашата цел е да се најдеме токму таму.

Македонија со победа од 3:0 над Грузија ќе се израмни по бројот на победи, поени и сетови со Австрија на петтата позиција на табелата со второпласираните, а може да се случи и Норвешка да има ист ефект. Во таков случај одлучувачки ќе бидат поени, односно поен-количникот, а токму тука е нашата предност.

Австрија веќе ги одигра сите натпревари и познато е дека има позитива од +14 поени, додека ние пред мечот со Грузија имаме +8 поени. Тоа би значело дека потребни ни се минимум седум поени во вкупниот збир на поените од мечот против Грузија, но ако се погледне резулатот од првиот натпревар, тогаш јасно е дека Македонија може да слави и многу поубедливо.

Норвешка во моментов има негатива од 23 поени и речиси е невозможно да нѐ мине, а тоа значи дека вечерва се зависи само од нас.

- Оглас -

Најнови вести