20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Одбојкарите на Струмица ја одбранија шампионската титула

Одбојкарите на Струмица ја одбранија шампионската титула во македонскиот шампионат откако вечерва го совладаа тимот на Штип УГД со 3-1 во сетови, што беше нивна трета победа во финалната серија.

Натпреварот започна одлично за струмичани, кои го добија првиот сет со 25-21. Во вториот сет одиграа уште подобро и го добија со убедливи 25-19. Тимот од Штип покажа отпор и успеа да го освои третиот сет со 25-16, враќајќи ја неизвесноста во мечот.

Во четвртиот сет се водеше голема борба. Струмица поведе со 20-13, но следуваше серија на Штип со која резултатот беше намален на 22-21. Сепак, домаќинот успеа да издржи и во финишот го доби сетот со 25-22, со што ја завери победата и ја одбрани титулата.

Со овој триумф одбојкарскиот клуб Струмица по 12-ти пат во својата историја станува шампион на Македонија, продолжувајќи ја својата доминација на домашната сцена.

- Оглас -

Најнови вести