Одбојкарската машка репрезентација на Македонија, загуби од Словачка со 1-3 во сетови во финалето на 45-тото издание на турнирот „Бранко Хаџииљоски-Чајка“, кој се одржа во „Борис Трајковски“ во Скопје. За Спартанците, ова беше последна контрола пред настапот на септемвриското Европско првенство.
После 1-1 во сетови, клучен беше третиот сет кој го добија Словаците, иако Македонија имаше предност од големи 17-9. Тој сет кој не смееше да биде загубен, ја намали самодовербата, па нашите најдобри одбојкари го загубија и четвртиот сет, па до ЕП ќе имаат време за анализа на грешките.