Најдобрите македонски одбојкари загубија од Србија со 1-3 во сетови и во вчерашниот и во денешниот тест во Велико Градиште како дел од подготовките за настапот во Европската сребрена лига.
Исто како вчера во Врњачка бања, европскиот првак кој настапи во комбиниран состав повторно беше подобар, овојпат со 25-17, 28-26, 23-25, 25-23, а нашата репрезентација имаше уште една голема можност да ги провери силите пред обидот да ги оствари амбициите и првпат да триумфира во натпреварувањето во коешто играше три финалиња.
„Имавме само осумдневни тренинзи, нозете се уште се тешки, но нашата цел е да бидеме во полна сила на завршниот турнир на 5-ти на 6-ти јуни. Задоволен сум што во овие два дена игравме со толку квалитетна репрезентација како Србија, затоа што само со вакви натпревари можеме да напредуваме на ниво за да обезбедиме осминафинале на ЕП 2021“ – изјави капитенот на македонската селекција, Никола Ѓорѓиев.
Сега тимот се враќа во Струмица да ги одработи завршните тренинзи пред шестиот настап во Европската сребрена лига. Првиот турнир е од 21-ви до 23-ти мај во салата „Парк“, противници ни се Данска, Кипар и Израел.