Одбојкарите пред (не)возможна мисија: Против Чешка имаме само пораз до пораз (Фото)

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра и вториот меч од Европската златна лига, повторно на домашен терен во Струмица. Противник на Македонија е селекцијата на Чешка против која имаме катастрофален биланс од седум порази на исто толку натпревари.

Првиот двомеч го одигравме во 2008-мата година, во историскиот бараж за пласман на Европското првенство, но двапати бевме поразени, со 3-0 во Свитави и 2-3 во Скопје. Следуваа два порази во квалификациите за Европското првенство во 2012-тата година, и двата идентични од по 3-0, а слично беше и во 2016-тата година, кога за разлика од претходно освоивме еден сет во поразите од 3-0 и 3-1.

Последниот меч го одигравме минатата година на Европското првенство во Скопје, кога Чешка нѐ победи со 0-3. Вкупно на седумте меча освоивме само три сета, а загубивме максимални 21.

Токму затоа и Чешка е голем фаворит за победата во Струмица со квота од 1.16, но квотата за изненадување и прва победа на Македонија во Европската златна лига е одлична, дури 4.50.

- Оглас -

Најнови вести