Одбојкарите се враќаат во Скопје, следуваат контроли против Јапонија и учество на Меморијалот „Чајка“ (Фото)

Одбојкарската репрезентација на Македонија денес има слободен ден по контролните натпревари во Кавадарци и од утре подготовките ги продолжува во Скопје.

Планирани се две контролни средби против селекцијата на Јапонија во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во вторник и среда со почеток во 17 часот, а од петок нашите одбојкари ќе учествуваат на најреномираниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

Освен Македонија, на 47-мото издание на Меморијалот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ ќе учествуваат и селекциите на Грција, Египет и Јапонија. Натпреварите ќе се одиграат од петок до недела во салата „Борис Трајковски“, а веќе се познати и распоредот и термините.

Македонија во досегашниот тек од подготовките одигра вкупно четири контролни средби со половичен ефект од две победи и два порази. Ги совладавме Романија (3-1) и Израел (3-2), додека загубивме од Јапонија (2-3) и Израел (0-3).

Европското првенство кое ќе се одржи во Скопје започнува на 30 август, а Македонија е во група со Данска, Црна Гора, Холандија, Полска и Чешка.

 

- Оглас -

Најнови вести